t: +389 78 428 161

Хотел Тино – 360 Google Street View – 2023

Хотел Тино - 360 Google Street View - 2023

Целосна обнова на 360 виртуелната прошетка од Хотел Тино - Охрид составена од високо квалитетни 12К панорами. 

Понудата на Хотел Тино составена од сместувачки капацитет со прекрасен поглед кон Охридското Езеро, Спа центар и Ресторан во склоп на хотелот достапна низ 360 виртуелна прошетка со која потенцијалните гости ќе имаат детален преглед за одличната понуда низ дигиталните алатки Google Street View, веб страна од хотелот и Booking.

Прошетката е веќе достапна на глобалниот сервис Google Maps/Google Street View, а со тоа секој од која било точка на планетата земја пред да доаѓа во Охрид ќе може одблиску да прошета виртуелно и да ја погледне одличната понуда на Хотел Тино.

Покрај внатрешната 360 прошетка, поради реновирање на надворешниот изглед на објектот, во должина од 500 метри направивме целосна промена на веќе постоечката streetview со висококвалитетна камера за возила одобрена од Google.

Прошетката на Google Street View, Google Maps е достапна од секој мобилен телефон, компјутер, таблет и VR наочари од која било точка на планетата земја. Од следната година Google ја укинува засебната апликација за мобилни Google Street View и ги спојува 360 прошетките целосно во едно под Google Maps. Тоа значи побрз и полесен пристап до информациите.

Сите заинтересирани локали кои сакаат да добијат 360 виртуелни панорами со врвен квалитет поставени на Google Street View и обележат својот локал на  Google Maps и Google Earth може да не контактираат на Тел. +389 78 428 161 или во контакт на нашата веб страна да испратат барање.

Линк до прошетката: https://goo.gl/maps/2fEbBe3QqwiQKtPq6

logo-trusted