t: +389 78 428 161

Во тек со новата ера на дигиталните технологии

Формирано во 2004 година од страна на Стојан Стојановски “2С Студио” е дигитално маркетинг студио со седиште во Охрид, Македонија.

Благодарение на своето 15+ годишно искуство, 2С Студио денеска има знаење и квалитети да се справи со секој проект во областа на дигиталниот свет и дигиталниот маркетинг

Од самиот почеток 2С започнува пред се со изработка на веб страници, мултимедиа и графички рекламни решенија во различни области, а со тек на време се одвојува високо, посебно со својот квалитет во изработка на дигитални решенија и промоција на туризам бизнис секторот.

Со текот на времето и воведување на новите технологии во дигиталниот свет постојано 2С инвестираше и се надградуваше со понуда на иновативни маркетинг решенија низ разни услуги како висококвалитетно 360 фото и видео, промоција на социјални мрежи, видео преноси во живо и сл.

Освен што денеска имаме целосна посветеност кон фотографијата, во комбинација со веб и графички решенија, видео продукцијата и сл, 2С Студио е и лидер во видео преноси во живо во регионот со користење на најновите технологии и принципи на работа во дигиталниот свет.

По влегување на сервисот Google Street View во Македонија во 2015, 2С прв ја добива значката Google Street View Trusted Photographer за Македонија на официјалниот веб сајт од Google.
Со тоа понудивме на пазарот да секој бизнис има можност да добие високо квалитетни 360 прошетки со 12К резолуција на фотографија кои се во чекор со времето, а и со иднината, бидејќи и до ден денес се користат без проблем поради високиот квалитет на резолуција на фотографија.

Погледнете го нашето портфолио за повеќе информации или листата на наши сервиси кои ги нудиме па доколку сте заинтересирани за соработка слободно контактирајте не.

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Посветени пред се на општествените интереси и националната култура

Секојдневно општествено помагаме со:

  • Бесплатни фотографии и Видеа од Охрид и МК на социјалните мрежи со кои го запознаваме светото со убавините на нашата држава, а со тоа и ги привлекуваме да ја посетат. Секоја посета е директен или индиректен приход за Вас
  • Бесплатни преноси во живо на културни и спортски настани пред се со цел запишување на една дигитална видео историја од Македонија, а потоа промоција на вредности
  • Бесплатни 360 фото прошетки и Видео 360 прошетки за поддршка на туризмот