t: +389 78 428 161

250 години Бетовен – музички видеа 2020

ЛК Лихнидос

По повод 250 години од раѓањето на Бетовен 2С Студио изработи 2 музички спота по барање на организаторот ЛК Лихнидос.

Видеата се снимани во 2 различни денови.
Користена е филмска камера и дрон, снимањето е во резолуција од 4К, а продукцијата во 1080п.
Монтажата, постпродукција и колор корекција е работена во 2С Студио

Во прилог интегралниот текст:

“250 ГОДИНИ БЕТОВЕН”
2020 е година на исклучителен јубилеј – 250 години од раѓањето на Лудвиг Ван Бетовен (17 Декември 1770 година), еден од најголемите музички композитори на Германската нација и на целото човештво. Охрид е град во кој се родил, живеел и починал друг гениј и полимат, Св. Климент, творецот на Кирилицата и веројатно наједуцираната личност на светот во своето време (840 – 916). Заради нашиот Патрон, ние Охриѓаните имаме чест, но и обврска достојно да ги спомнуваме личностите кои низ долгата културна историја на Европа оставиле најдлабоки траги.

На 17 Декември, со неколку пригодни настани симболично ќе му оддадеме почит на Бетовен. Во овој проект ангажирaвме вкупно 250 уметници од Охрид, кои пленат со својот талент, ентузијазам, но и со љубов кон својот град. Во ова време на страшни премрежија, страв и неизвесност, сите заедно ќе ја пренесеме на светот нашата пораката за мир, здравје и подобра иднина.
Со почит,
Проф. Д-р Зоран Тунтев
ЛК Лихнидос