t: +389 78 428 161

10 Лета – Даниел Кајмакоски 2015

Музичко спот - 10 Лета Даниел Кајмакоски (МК и СРБ верзија)

Со прецизни локации и времески периоди на Охридското Езеро и околината го снимивме едно од најдобрите музички видеа во регионот, а воедно можеме слободно да речиме и промотивно видео за езерото и околината со која располага Охридскиот регион.

Користевме дел од најновите технологии за тоа време, а бидејќи се снимаше и на недостапни локации преку ден за добивање на добра фотографија мораше да користиме 80кв агрегат, а на одредени локации опремата беше пренесувана и со брод.

Така што во видеото ќе сретните неколку уникатни зајдисонца на Охридското Езеро, специјално снимање од возило низ планина, зајдисонце на Галичица, огномет во центарот на градот Охрид итн.

За песната истовремено се снимаа и 2 верзии, каде дополнително даде тежина врз работата.

Песната, заклучно и видеото во 2016 ја доби наградната MTV Europe Music Award for Best Adria Act.