google-za-web-logoСо благослов од МПЦ – ОА и Дебарско-кичевската Епариха решивме да донираме т.е. направиме фотографирање на 38 точки/360 виртуелни панорами преку кои ви го прикажуваме виртуелно Манастирот Св. Јован Бигорски. Манастирот го поставивме на светски познатиот сервис од Google – Street View преку кој луѓето од целиот свет ќе можат да го прошетаат виртуелно. Остануваат уште 10тина панорами кои треба да се фотографираат за да се прикаже околу 90% од манастирот. Остатокот го оставивме да го погледнете во живо при посета на овој прекрасен Манастир. Фотографиите ги направија Стојан Стојановски 2С и Аце Ставрески, 2С Студио. Во идниот период ќе фотографираме и ќе донираме ваков вид на промоција уште на неколку Цркви и Манастири во Македонија. Google Street View во Македонија е достапен од крајот на Септември оваа година, а освен локалните и регионалните патишта, вакви виртуелни прошетки може да имат сите локали, а и да бидат директно поврзани со Google Street View.
Линк до прошетката: https://goo.gl/maps/4EEVz9suXr82