Системот Камера и Метео во живо кој беше поставен на 18 март 2018 год. во Куба Либре за прв пат во Охрид, од денеска е надограден со систем за мерење на пм10 и пм2.5 честички во воздухот.zaweb
Информациите ќе бидат достапни за сите на следната веб страна т.е. на камерата во живо 24/7/365  https://cubalibre.ohridinfo.com/

На видеото од камерата во живо ќе може да добиете информации кои се ажурираат во реално време за температурата, брзината на ветерот и количината на пм10 и пм2.5 честички во воздухот во Охрид.
Сите овие информации се мерат преку системот кој е поставен во Куба Либре, а 2С Студио го имплементираше во еден екран во живо на подстраницата Куба Либре, во склоп на Охрид Инфо.
Овој проект го реализираше 2С Студио / С.С. со помош на Куба Либре со своето долгодишно искуство во делот на веб технологии, преноси во живо и промоција на туризмот. Сите заинтересирани може слободно да не контактираат за користење или имплементирање на нашите услуги.
Охрид Инфо е приватен портал по идеја на Стојан Стојановски кој стартува наскоро.
Строго се забранува неовластено користење или каква било злоупотреба на системот или негов дел без претходна дозвола од 2S Studio.