Share Button

za-footer-loogoНовиот локал за кого изработивме 360 Google Street View виртуелна прошетка е ресторан Острово во Св. Наум.

Се наоѓа во близина на манастирот Св. Наум, на еден од двата острови на изворите на реката Црни Дрим ресторан Острово е вистинското место каде може да уживате во природните богатства кои ги поседува овој дел од Охридското езеро.
Во ресторанот ќе можете да ги вкусите сите видови на македонска традиционална храна од Охридскиот регион како грав, полжави, пита со спанаќ, охридско ѓомлезе, сарма, повеќе видови на риба пастрмка, јагула, крап и морски плодови.
Ваш е изборот дали Вашиот престој и ручек во ресторанот ќе биде на островот или на сплав на вода помеѓу убавите на раскошната природа на изворите.

За да ја доловите целосната слика која ја нуди овој локал изработивме 360 виртуелни панорами на островот, внатрешниот дел од ресторанот, плажата со која поседува ресторанот на Охридското езеро, добро познатиот чун кој се наоѓа во изворите и сплав на кого може да уживате во вашиот престој. Низ сето тоа може да се пристапи и прошета 360 виртуелно од која било точка на планетата земја преку телефон, мобилен или компјутер на светски познатите сервиси Google Maps, Google Search, Google Earth. 

Стојан Стојановски е прв Македонски доверлив фотограф од Google што значи дека вашите 360 виртуелни панорами се во сигурни раце и ќе бидат на вистинско место.

Промотивно  сите заинтересирани локали кои сакаат да добијат 360 виртуелни панорамиGoogle Street View прошетка и обележат својот локал на  Google Maps и Google Earth може да не контактираат на Тел. 389 78 428 161 или во контакт на нашата веб страна да испратат барање. (важи за цела Македонија)

Линк до прошетката: https://goo.gl/maps/N2sexU4Vw3z
Ресторан Острово:

Сплав:

Сопствена плажа:

Share Button

Trackback URL: http://2sstudio.mk/2016/06/02/%d1%80%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd-%d0%be%d1%81%d1%82%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%b2-%d0%bd%d0%b0%d1%83%d0%bc-360-google-street-view-trusted/trackback/