Од самото постоење и почеток со работа на 2С Студио сме посветени од година во година да ги подобриме нашите услуги, нашиот квалитет на работа и да се развиваме. Но никогаш не ги забораваме нашите луѓе и околината каде што живееме.

Наша стратешка цел е да сме во тек со најновите светски технологии во делот на веб, фото и видео маркетингот каде нудиме и поставуваме високи стандарди за развој на опшеството во склоп на услугите кои ги нудиме.

Инвестиции и Развој на Дигиталниот Маркетинг во Охрид и Македонија 

2С Студио растеше заедно со интернетот и зголемување на интернет свеста во Македонија. Во 2002 год. започнавме со изработка и понуда на веб страни, промоција на истите и подигање на свеста во период каде опшеството не беше доволно запознато што значи интернетот. За после 2 години т.е. во 2004 и официјално на пазарот излеговме со конкретни понуди и изработени веб страни особено во делот на веб туризмот и аудио/видео стриминг во живо на интернет.
Низ годините продолживме во усовршување и подобрување на нашата понуда и квалитет во делот на фотографијата, видеото, маркетингот на социјалните мрежи и 360 фото и видео.
Денеска 2С Студио е лидер во Охрид и регионот во професионална понуда на дигиталнот маркетинг како веб, фото и видео, а и лидер во Македонија во професионална понуда и промоција со 360 Фото и Видео од земја и од Воздух. За прв пат Македонија понудивме и изработивме 360 панорами од дрон од Воздух како и 360 4к видео од земја. Стојан Стојановски е прв Македонски фотограф сертифициран од Google за изработка на бизнис Google Street View 360 локали.

Спонзорства и Донации

Од самиот почеток со работа Стојан Стојановски како сопственик на 2С Студио инвестира во фото опрема и астро опрема во консулатација со Скопско Астрономско Друштво каде го оформува Астрономското Друштво Охрид (2003 год). Со редовно следење и фотографирање на астрономските настани и познавање на веб технологиите Друштвото за нецели 2 години е директно исконтактирано од светски познатиот портал Space.com каде станува светски познато по своите Астофотографии кои до ден денес може да се најдат два до три пати годишно меѓу топ 10 фотографии од целиот свет за ваков тип на настани, а со тоа Охрид и Македонија како локација се промовира бесплатно на светските број 1 портали за астрономија и новости како Space.com, Spaceweather, Cnn, NBC, Yahoo News итн.

Од 2005 до 2006 година 2С Студио волонтерски помага за интернет развој на Македонската хотелска органзација ХОТАМ и Балканската хотелска органзација БАХА во делот на изработка на Веб страници за презентација на хотелите и убавините во Македонија преку Фотографија и 360 фотографија а и воведување и обука на системи за резервација и онлајн наплата.

Во 2005 година 2С Студио го започнува проектот Охрид Инфо кој има цел да ги промовира убавините на Охрид и околината преку основни информации, фотографии, 360 а со тек на време дел да биде и поддржан финански од локални бизниси кои сакаат да се зачленат на истиот со основни податоци. Во период 2005-2010 година Охрид Инфо допринесува секој потенцијален турист кој го интересира Охрид да се информира преку фотографии особено преку 360 виртуелни панорами, независно дали се историски локалитети или локални бизниси. Во 2010 година Охрид Инфо престанува со цел да се редизајнира и прошири тимот кој ќе работи. Во 2017 се очекува да почне повторно со работа.

Со почетокот на Охрид Инфо, 2С Студио полека но сигурно допринесува многу за Охрид преку своите фотографии, 360 фотографиии. И покрај тоа што порталот се става на пауза во 2010 година, Стојан Стојановски и 2С Студио не го заборава Охрид и продолжува да ја подржува промоцијата на градот и државата во светот особено во делот на фото и видео преку социјалните мрежи.
Денеска можеме да се гордееме дека Охрид по наша иницијатива од 2004 година секојдневно добива светска реклама користејќи ги најновите технологиии лично инвестирани и финансирани од 2С Студио. Се објавуваат над 365 моменти преку фотографии од Охрид и околината годишно до пола милион фанови кои растат секојдневно на нашите фан страни. Покриени се над 50% од историските локалитети со 360 виртуелни панорами на Google Street View и промовирани секојдневно. Се снимаат секојдневно видеа од земја и дрон, timelapse и сл. и истите се промовираат бесплатно а со тоа секој потецијален турист и вљубеник во Охрид и околината има можност од која било точка на планетата земја да ужива во убавините.

Во меѓу време 2С Студио и својот тим инвестира во зголемување на фан база која денеска брои над 500 000 фанови на Facebook кои секојдневно уживаат преку фотографии во убавините на Охрид и Македонија.

Како дел од други проекти 2С Студио се издојува со спонзорирање на наши сток видеа за комплетна реализација на видеото Охрид 365 во соработка со УНИДО и кластер Еден во Ноември 2015 година.

2С Студио има допринесено во развој и промоција на спортот во Македонија. Од 2012 година успешно го спонзорираме турнирот за фудбал за млади генерации Фер Плеј Куп за кој секоја година од балканот доаѓаат над 3000 деца каде за нивните родители кои не се во можност да дојдат и лично да го следат турнирот им овозможуваме комплетно следење на турнирот со изработка на графички и веб елементи, пренос на видео во живо, резултати во живо и фотографии. Во меѓу време 2С Студио на локално ниво го крева стандардот на видео преноси во живо од спортски настани како Ракомет и Кошарка. Во Октомври 2015 спонзорираме професионален пренос во живо од мечот на РК Охрид и РК Прилеп.

2С Студио и Музиката. Во 2015 како дел од проектот Евровизија и тимот на Даниел Кајмакоски, 2С Студио се откажува од својот хонорар за веб, фото, видео во период Февруари – Јули 2015 и со заеднички договор на сите во тимот со средствата во висина од 17 700 евра се купува респираторен апарат и се донира во Детската Клиника во Скопје. Во склоп на овој проект е и видео/аудио записот 10 лета за Македонски пазар или Деценије за Балканскиот пазар кој добива награда MTV ADRIA ACT. Видео записот е по идеја на Стојан Стојановски во кој се прикажани прекасни моменти од Охридското езеро, градот Охрид и Нацоналниот парк Галичица а со тоа Охрид и околината добива светска промоција.

Во 2016 година во соработка со Кадмо Бар преку изработка на Разгледници се донираат 50 000 денари за помош на лица со малигни заболувања

Водици Охрид 2017: 2С Студио со помош на својот тим спозорира и финасира директен видео пренос во живо од овој голем православен настан. Преносот го превземаат 6 локални и национални медиуми, а истиот се емитува и на Facebook и Youtube каде гледаноста достига до 80 000 прегледи во 2 часа. Настанот е потпомогнат и од локални телевизии и приватни бизниси.

Во период 2005-2015 година, 2С Студио помага повеќе локални и нацонални медиуми и радија каде им овозможува користење на бесплатни услуги како домен, хостинг, аудио и видео стрим во времетрање од 1 до 2 години.